Во храмот „Св. Пантелејмон“ во Нерези одбележан празникот во присуство на градоначалникот Сотир Лукровски
- август 8, 2026
- 0
На покана од Црковниот одбор при храмот „Св. Пантелејмон“ – Нерези, градоначалникот Сотир Лукровски вечерва присуствуваше на свеченото одбележување на празникот посветен на Светиот Великомаченик Пантелејмон.
Овој празник е длабоко вкоренет во традицијата и духовниот живот на Нерези и претставува посебно значаен ден за сите нережани. Големото присуство на граѓаните уште еднаш покажа колку силно се чуваат верата, традицијата и заедништвото.
Со своето присуство, градоначалникот испрати јасна порака на почит кон нережани, кон нивната традиција и кон празниците што ги обединуваат, како и на поддршка за зачувување на духовното и културното наследство на Нерези.
На свеченоста присуствуваа и советници и дел од општинската администрација.
За многу години Свети Пантелејмон! За многу години на сите нережани! 🙏









