Дечињата од градинката „Мајски Цвет” во Тафталиџе 1, денеска учествуваа во еколошка акција. Тие, заедно со воспитувачките, хортикултурно го уредуваа дворот на својата установа, притоа засадувајќи разновидни цветни насади.

На овој начин, најмладите карпошани го одбележаа првиот пролетен ден, односно Светскиот ден на шумите 21. март.