Денеска, на плоштадот ,, Делфина“ во населбата Влае се одржа ликовен хепенинг за најмладите карпошани. Општина Карпош во соработка со Детскиот ликовен центар им овозможи на дечињата од јавните детски установи во Карпош да цртаат и творат,  и на тој начин да го изразат својот ликовен талент.

Како што истакна заменик-  раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Стојчевска – Зафировска, ова е втора година по ред како локалната самоуправа и Детскиот ликовен центар ја одржуваат оваа ликовна манисфестација за најмладите жители на Карпош.

 

–       По шест дечиња од четирите  градинки во Општина Карпош сликаа и твореа  уметнички дела во слободен стил. На тој начин, децатата ја изразија  својата креативност и сликарска дарба.  Нашата цел е да го поттикнеме уметничкиот талент кај најмладите, сé со цел во иднина,  некој од нив да се реализира како  професионален уметник, нагласи Стојчевска- Зафировска.

 

Освен долгогодишната соработка на Општина Карпош со Детскиот ликовен центар преку која се реализираа голем број на ликовни манифестации за основците од Карпош, од минатата година и најмладите жители на Карпош, односно дечињата кои учат во градинките кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, имаат можност да го развиваат, поттикнат или пак надградат својот ликовен талент.