Со прогласувањето на  најуспешни проекти, најубаво  среден училишен простор и надобра сторија, денеска, во Кинотеката на Македонија заврши реализацијата на првиот дел од проектот „10-ка за Карпош“. Проектот кој е наменет за сите десет училишта на територијата на Општината има за цел да ги актуелизира и поттикне сите креативни активности кои се случуваат во училиштата, при што, во фокусот е ставен ентузијазмот на самите наставници во соработка со учениците и родителите. Инаку, подносител на проектот е  Друштвото за филмска продукција и маркетинг „Фабрика продукција“, а истиот е одобрен од Советот на локалната самоуправа и дел од Програмата на Одделението за образование.

                        Првото место во категоријата „најуспешни проекти“ го освои едукативно-хуманитарниот проект „Љубов за Дамјан“, кој има за цел да ја развие свеста кај учениците за постоење ретки болести. Проектот го поднесоа тројца наставници од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, Татјана Белковска, Оливера Павловска и Витомир Лазароски. Второто место во истата категорија му припадна на проектот „Како да бидам подобар-заедно можеме повеќе“ од ООУ „Владо Тасевски од наставниците Викторија Кочевска и Весна Масти и дефектологот Весна Филиповска. Третото место иму припадна на проектот „Од идеја до книга“ на одделенскиот наставник Билјана Стојков од ООУ „Јан Амос Коменски“.

                        Во категоријата  „Најубаво уреден училишен простор“ победничка беше реализираната идеја на директорката Лидија Водјаник, и наставниците Соња Поповска-Трајковска и Јане Ангеловски за „Најубава бина и хол“. Второто место го освои „Ученичкото катче за дружба и релаксација поднесен од Татјана Наческа педагог и Христина Ристевска директор на ООУ „Војдан Чернодрински“, а третата награда  му припадна на училиштето „Аврам Писевски“ од Бардовци, за „Мојата училница“, идеја на одделенскиот наставник Драгана Гавриловска Горковска.

                        Во категоријата стории беа доделени четири награди од кои првото и второто место и припаднаа на Силвана Јорданова, професорка по француски јазик од ООУ „Вера Циривири Трена“ за расказите „Петар и Џамбаско“ и „Предавникот“, а третото место го поделија расказите „Марија“ на Вера Врзел, предметен наставник по биологија и природни науки при ООУ „Лазо Трповски“ и „Ме слушаш ли наставнику“ на Илија Пецевски,  дефектолог во ООУ „Вера Циривири“ и во „Лазо Трповски“.

Финалната манифестација на овој оригинален проект Десетка за Карпош ќе се одржи на 7 јуни во Македонската опера и балет, каде наставниците ќе се претстават во едно друго креативно издание, преку танц, глума и пеење.