Вчера вечер, на паркингот  пред хотел „Подгорица“, во главниот град на Црна Гора – Подгорица, беше нападнат автобусот КК „Карпош Соколи“, од Карпош.

Притоа, искршено е ветробранското стакло, и се украдени регистарските таблички на автобусот. Општина Карпош, го осудува ваквиот обид за притисок врз играчите на КК „Карпош Соколи“, и очекува надлежните служби во најскоро време да го расветлат случајот, односно да ги откријат причините и извршителите на овој инцидент.