Повеќе од 55% од граѓаните (55,5%) имаат доверба во локалната самоуправа во Општина Карпош и повеќе од половина од жителите се задоволни од досега сработеното  од страна на општината и градоначалникот Стефан Богоев.

 Ова го потврдува теренската анкета на Агенција „Рејтинг“, спроведена за потребите на Општина Карпош, на репрезентативен примерок од 1.000 граѓани, постари од 18 години, жители на општината. 

 

Дали, во локалната власт на Општина Карпош, би рекле дека:

 

*(НЗ:Не знам; НО:Немам одговор)

 

Анкетата го мери и задоволството на граѓаните од реализираните проекти во изминатата година. Граѓаните, во најголем број, даваат поддршка за реконструкцијата на детските игралишта, како и за новиот парк – урбан сквер меѓу Тафталиџе 2 и Нерези. Дополнително, со анкетата се мапираат проблемите на микро ниво, односно по населените места, што и овозможува на Општината да излезе во пресрет на потребите на секоја населба.

 

 

 

 Како граѓанин на Општина Карпош, за секоја од следниве активности, ќе ве замолам да ми кажете дали сте многу задоволен, задоволен, незадоволен или многу незадоволен?

 

 

 

Исто така, карпошани беа анкетирани и за повеќе области од надлежност на локалната самоуправа, при што 54% од граѓаните рекоа дека се задоволни од управувањето со основните училишта, 59% од одржувањето на улиците и инфрастуктурата и 55% се задоволни од развивање на културата и грижата за зеленилото во општината. Високи 79%, односно 77% од граѓаните се задоволни од комуникацијата на Општната преку e-mail, односно преку социјалните мрежи.

Колку сте задоволни од работата на локалната власт во следните области во нејзина надлежност? 

 

 

Анкетата има за цел да ги одреди приоритетите на граѓаните во однос на проектите и активностите на локалната самоуправа. Во тој контекст, во фокусот на работењето на Општината за претстојната година е урбанистичкото планирање, преку кое директно овозможуваме подобри услови и похумано живеење во Карпош. Посебно внимание во овој процес ќе има заштитата на животната средина, регулирање на паркирањето и обезбедување дополнителни места за паркинг. Исто така, следејќи ги потребите на граѓаните, Општина Карпош ќе продолжи да работи на мерки против загадениот воздух, како и одржувањето на комуналната хигиена на својата територија.

Кој би рекле дека е главниот проблем со кој се соочува вашата општина денес и е од надлежност на локалната самоуправа?