Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и претседателот на Советот на општина Карпош Сашо Лазаровски, денеска, ги примија најуспешните ученици – спортисти, кои остварија извонреден резултат на државно ниво.

 

Во оваа пригода, Јакимовски уште еднаш им честиташе на девојчињата од „Димо Хаџи Димов“ за освоеното прво место на Државното првенство во одбојка, кое се одржа во Валандово, и на момчињата од „Аврам Писевски“ кои го освоија златото на Државното  првенство во футсал, што се одржа во Вевчани.

 

Со цел, да ги поттикне младите да се занимаваат со спорт и да развиваат здрави животни навики, општинскиот татко Стевчо Јакимовски, на државните прваци им додели спортска опрема, а локалната самоуправа за нив обезбеди еднократна парична награда и патување во Тиват.