Основците од ООУ „ Вера Циривири-Трена “, добија вредносен ваучер од 263.000 денари, за научно-истражувачкиот проект „ Стаклена градина“.

Во организација на Министерството за образование и Фондот за технолошки иновации и развој, на манифестацијата „Предизвикот за млади истражувачи“, карпошовите ученици се пласираа во десетте најуспешни училишта од Република Македонија.

Под лидерство на наставничката Дивна Карапанчева, и под менторство на наставничката Валентина Пешевска, учениците го примија овој ваучер на манифестацијата одржана во Владата на Република Македонија, лично од премиерот  на Република Македонија Зоран Заев . На оваа свечена пригодба, присуствуваа и министрите за образование и здравство Рената Дескоска- Треневска и Венко Филипче.