На 11.06. 2017 година  ( недела) , Драмската секција на ООУ „ Вера Циривири Трена“ од Карпош, учествуваше на Меѓународниот натпревар „ Арт Ин – Велес“ година во градот Велес. Драмската секција се претстави со три претстави од жанрот  адаптирана  современа комедија во категоријата  детски аматерски театар- за ученици од категорија 2-б ( од 11-14 години).

 

Жирито на овој меѓународен фестивал ги прогласи карпошовите ученици за најдобри во својата категорија и за најдобри во категоријата Аматерски драмски игри на интернационално ниво. Со специјална прва награда и освоени максимални 100  бодови се закити театарската претстава „ Семеен парламент“ по текст на Томе Арсовски, а во изведба на ученици од шесто одделение: Ангела Ѓеоргиевска, Деа Босхи, Софија Јанева, Ана Петковска и Ања Симоноска. Со 99 поени ,  првото  место го доби и   претставата „Чорап со педигре“ по текст на Стево Симски , а во изведба на осмоодделенките Анастасија Игњатовска, Марија Антониева и Анастасија Саздовска која го освои златниот медал и најдобрата женска улога.

 

 

Исто така, , освојувајќи 98 бодови, со првото место  се прослави преставата „ Инаетливото дете“ по текст на Софе Штерјоски , а  во изведба  на мешан состав од ученичките  шестоодделенката Емилија Динева и  осмоодделенката Софија Илиевска.

 

Режисер  и ментор на оваа успешна драмска секција е проф. м-р Матилда Бајкова, наставник по македонски јазик и литература, која исто така доби признание на овој меѓународен уметнички натрпевар. Професорката Бајкова доби награда за менторство и диплома од стручното меѓународно жири. Драмската секција од ова основно училиште од Општина Карпош, учествувала на многу културно- уметнички манифестации, на кои освојувала вредни признанија и награди.