Општина Карпош започнува со нов мултимедијален начин на комуникација насловен како „Флеш Вести“. Целта на ова информирање ќе биде да се направи пресек на реализираните проекти и  активности во Општината на неделно ниво, но и да се најават новите проекти, планови и активности.

 

Всушност, некогашниот Неделен Е – Билтен кој Општината го подготвува се унапредува и добива на мултимедијалност. Содржините ќе бидат прилагодени за социјалните мрежи, веб порталите и другите медиуми, како и за публиката која постојано комуницира со локалната самоуправа.

 

Со „Флеш Вести“ ќе се подобри и двонасочната комуникација со граѓаните. Ќе постои поголема информираност за актуелните случувања во Општината, а ќе се спречи и ширењето на лажни вести.

 

Локалната самоуправа продолжува да ја унапредува двонасочната и директна комуникација со граѓаните, граѓанските организации и сите други засегнати страни.