ООУ „Братство“ во Тафталиџе 2, на 5 септември минатата година упати официјално писмено барање до Општина Карпош за вработување на двајца одделенски наставници на албански наставен  јазик. Локалната самоуправа реагираше веднаш до надлежните државни институции.

Имено, два дена подоцна, на 7 септември од раководителот на Секторот од јавен интерес – одделение за образование, до Министерството за образование и наука испрати официјално барање за добивање согласност за ново финансирање и отворање на нова, втора паралелка во прво одделение за деца кои ќе следат настава на албански јазик. Од септември до денес, Општина Карпош не добила никаков потврден ниту пак негативен официјален одговор од надлежното министерство.