Во саботата 16.04.2016 Извидничкиот Поречански Одред Јадран кој е дел од Сојузот на извидници на Македонија, заедно со група волонтери ентузијасти реализираше младинска иницијатива – Карпош Култура. Иницијативата беше поддржана од УСАИД и имаше за цел вмрежување на младите од општината. Настанот се реализираше во ОУ Јан Амос Коменски. Повеќе од 150 млади и деца беа дел од работилници за актерство, стрип, музика, рачна изработка и фотографија.