Денеска, фирмата „Ми-Да Гранд Моторс“ донираше прочистувачи за воздух во градинката „Мајски цвет” во Тафталиџе 1. На овој начин, раководството на оваа компанија на вистински начин ја покажа грижата кон локалната заедница и потсети дека е општествено одговорна фирма чии активности се насочени кон заштита на јавниот интерес и животната средина.

Инаку, уште неколку други компании од приватниот сектор се одзваа на повикот на Општина Карпош за донација на прочистувачи за воздух за заштита на граѓаните од загадувањето.

 

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се заблагодари на донаторите и ги повика и другите компании да се приклучат кон оваа акција за заштита од загадувањето:

 

 

–                    Досега имаме повеќе донации и тоа од страна на: „Ми-Да Гранд Моторс“ Македонија, болницата „Филип Втори“, ЕЛЕМ, приватното учичиште „Филос“ Друштвото со ограничена одговорност на едно лице „Невидисатрејд“ ДООЕЛ Скопје, „Ванила фуд“ и „Елена Лука“. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на овие компании и да ги повикам останатите кои работата на територијата на Карпош, активно да се вклучат во нашата акција за заштита на карпошани од загадениот воздух.

 

 

Генералниот директор на „Ми-Да Гранд Моторс“, Дритон Заири истакна дека како компанија која дејствува на територија на Општина Карпош, чувствуваат одговорност кон заедницата, но и кон граѓаните, да направат нешто повеќе.

 

 

Градоначалникот Богоев ја најави и реконструкцијата на оваа градинка во 2018-та година. Имено, во новиот Буџет за 2018-та година предвидени се средства за значително подобрување на условите за престој и работа во градинката „Мајски Цвет”.

                         Дечињата од оваа преучилишна установа во Карпош, која е една од најстарите, во знак на благодарност, на градоначалникот Богоев и на спонзорите на прочистувачите за воздух им приредија кратка музичка програма со еколошки и новогодишни пораки, а патем и им врачија новогодишна честитка со искрени желби кои ќе му ги упатат и на Дедо Мраз.