Во основното училиште ,,Јан Амос Коменски“ од Карпош се одржа шаховски турнир во рамките на шаховските училишни лиги. На овој турнир се натпреваруваа основците од второ до петто одделение, ученици во училиштата во Општина Карпош.

Победник во овој шаховски училишен турнир е Михаела Зрмановска од училиштето Јахја Кемал. Антон Златков од Јахја Кемал се пласираше на второто место, додека Кирил Николовски од ООУ ,,Димо Хаџи Димов“ го освои третото место на шаховското натпреварување.

Во четврток ќе се одржи продолжение на шаховското училишно натпреварување на кое ќе се натпреваруваат меѓу себе учениците од шесто до деветто одделение.