Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги миеја и дезинфицираа улиците во населбите Жданец и Трнодол. На терен работеа две цистерни на локалната самоуправа, а улиците се миеја со посебно средство за дезинфекција на јавни површини.

 

Оваа активност се спроведува во повеќе наврати, во сите 14 урбани заедници. Општина Карпош ги набави овие цистерни на почетокот на годината и независно од актуелната состојба со коронавирусот, истите секојдневно работеа, со цел да се подигне нивото на јавна хигиена.

 

Периодов, само се интензивираше работата на комуналните служби со цистерните, при што, улиците се мијат и дезинфицираат во две смени.

 

На терен се работи и со две машини за миење под висок притисок (т.н. вапови), кои служат за чистење и миење на тротоарите, платоата и плоштадите, а се користи и рачен вшмукувач за лисја и ситен отпад. Со оваа опрема се чисти и на пофреквентни места.

 

Општината продолжува со секојдневното миење и дезинфекција на јавните површини. Ги повикуваме сите граѓани да се придржуваат до препораките за заштита од Covid – 19. Затоа што сите сме одговорни за јавното здравје!