Оваа година, од 20-ти до 23-ти септември, Синдикатот на УПОЗ учествуваше на 11-тите по ред Меѓународни спортски игри и средби од Југоисточна Европа кои се одржаа во Неум, Босна и Херцеговина. На спортските игри учествуваа  претставници од локалната самоуправа на Општина Карпош, Гордана Стојчевска- Зафировска  и Гордана Максимовска кои го освоија третото место и се закитија со пехар и диплома во дисциплината жени  пинг-понг.

Во конкуренцијата учествуваа екипи од Управа и правосудство на Црна Гора, Синдикатот на управата Република Српска, Синдикат на Федерација на Босна  и Херцеговина, Синдикат на управата на Србија , Синдикат на правосудство на Србија.