МЕЃУНАРОДНА БРОНЗА ЗА ОПШТИНАРКИТЕ ОД КАРПОШ
- септември 24, 2018
- 0
Оваа година, од 20-ти до 23-ти септември, Синдикатот на УПОЗ учествуваше на 11-тите по ред Меѓународни спортски игри и средби од Југоисточна Европа кои се одржаа во Неум, Босна и Херцеговина. На спортските игри учествуваа претставници од локалната самоуправа на Општина Карпош, Гордана Стојчевска- Зафировска и Гордана Максимовска кои го освоија третото место и се “закитија” со пехар и диплома во дисциплината жени пинг-понг.
Во конкуренцијата учествуваа екипи од Управа и правосудство на Црна Гора, Синдикатот на управата Република Српска, Синдикат на Федерација на Босна и Херцеговина, Синдикат на управата на Србија , Синдикат на правосудство на Србија.