Вчеравечер, на плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, градоначалникот на
Општина Карпош, Стевчо Јакимовски го прогласи за отворен 38-миот Меѓународен
фолклорен студентски фестивал. Во организација на КУД „ Мирче Ацев“ и Општина
Карпош, овој фестивал на кој учествуваат културно- уметнички групи од земјава, држави од
соседството и Европа, претставува репрезент на македонската етно-фолклорна култура.

 
Првиот човек на Општина Карпош, нагласи дека локалната самоуправа секогаш вложувала
во културата, како значаен сегмент на општественото живеење.
– Ми претставува огромно задоволство, што нашите културно-уметнички групи, но и
фолклорните групи од соседството, како и од другите европски земји се вечерва
тука, да ја презентираат и пренесат својата автохтона етнокултурна традиција.
Постојано соработуваме и го поддржуваме културно-уметничкото друштво „ Мирче
Ацев“, кое на најдобар начин ја претставува Република Македонија во странство,
нагласи Јакимовски.На вчерашната манифестација, освен домашниот културен состав, пред многубројната
карпошова публика со свои танци и традиционални ора, се претставија и културно
–уметничките друштва од соседна Бугарија, како и од Полска.