Зимската служба на општина Карпош и утринава интензивно работи на расчистување на снегот во сите урбани заедници. Се користи механизација која истура сол за да го олесни движењето на граѓаните. Исто така, 30 работници од општинската комуналната служба работат на расчистување на снегот пред пофреквентните зони (детски градинки, основни училишта, маркети, аптеки).

 

Во текот на вчерашниот ден беа истурени 60 тони сол и 10 тони емулзиона течност.

 

Првенствено, механизацијата истура сол по повисоките населби: Жданец, Трнодол, Бардовци, Нерези и долж улицата „Ловќенска“ (Козле).

 

Локалната самоуправа алармира до сите граѓани да користат зимска опрема и да бидат одговорни учесници во сообраќајот.