Во просториите на урбаните заедници на Општина Карпош, се одржа собирање на стари и неисправни електронси и електрични уреди кои граѓаните ги пријавуваа во тек на целиот месец во најблиската урбана зедница на нивното живеење.

На учесниците во проектот насловен:
МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ЕКО АКЦИЈА ВО КАРПОШ ИСЧИСТЕТЕ ГИ ДОМОВИТЕ ОД ОПАСНИОТ ОТПАД НА ДЕН 28, 29 и 30- ти ВО ВАШАТА УРБАНА ЗАЕДНИЦА, Општина Карпош во соработка со колективниот постаувач Нула Отпад на граѓаните им овозможи бесплатно собирање на отпадната електрична и електронска опрема од домаќинствата. Проектот ќе се спроведе во следните предвидени урбани заедници во тек на следните денови во урбаните заедници. Во денешната акција се собраа околу 50 стари и неисправни уреди, а учествуваа околу 30 граѓани, а дополнително од околу 100 домаќинства ќе биде подигнат отпад со возило.
Бројот на заинтересирани граѓани е многу поголем, тие секојдневно се пријавуваат за подигнување отпад, бидејќи согледуваат дека старите расипани уреди се опасен отпад и штетни за здравјето и животната средина ако несоодветно се третираат. Конечниот извештај ќе добиеме од рециклаторот за вкупно собрана количина отпад за Општина Карпош. На крајот цел на Општина Карпош и колективниот постапувач Нула Отпад е да
овозможиме континуиран и одржлив систем за собирање на електричен и електронски отпад на територијата на Општина Карпош.