Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот календар. За муслиманите, тоа е светитот месец, кога впрочем започнала објавата на Куранот. Ифтар, претставува вечерен оброк, кој во рамките на исламскиот месец Рамазан се конзумира во првиот самрак, непосредно пред заоѓање на сонцето. Во текот на  трисетте дена на Рамазан, верниците се воздржуваат од храна и вода и сите други искушенија.

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, традиционално, секоја година ги кани своите сограѓани од исламска вероисповед на заедничка вечера. Така и овој пат, при крајот на месецот на 28 јуни,  првиот човек на општината организираше вечера-ифтар, за да во духот на празникот во заедништво ги сподели овие моменти со жителите на Карпош од исламска конфесија. На ифтарот присуствува  околу 190 граѓани од Горно, Средно и Долно Нерези, трите оџи од џамиите, гости од другите скопски општини, видни граѓани од општествениот живот.

Овој празник е од големо значење за припадниците од муслиманска вероисповед и токму затоа се празнува во состав на заедницата, со цел заеднички да се обележи денот на постите. Повеќето муслимани сметаат дека е исклучително побожно и добро дело, да се нахранат сиромасите и да им се понуди ифтар.