Во текот на вчерашниот ден комуналните служби кои ги ангажираше Општина Карпош, интензивно ги чистеа улиците  зафатени од снежните наноси, кои поради ниските температури резултираа со замрзнати коловози.

Зимските служби кои располагаат со специјализирани возила опремени со плуг и голем тенк за сол и ризла, ги чистеа улиците Васил Чакаларов (кај кулите број  90, 92 и 94), Букурешка, Нобелова, Јуриј Гагарин бр. 6 и Струшка. 

 
Вкупно беа фрлени околу 17 тони сол по коловозите низ Карпош.  Оттаму, комуналните служби на фирмата „Анизор” ги расчистуваа улиците Ангел Динев, Петар Чаулев, Франце Прешерн, Иван Цанкар, Кленоец, Владимир Каваев, Пресека, Есперанто, Сливовска, Извор, Бабуна и Клепа.  По фрлањето на солта откако се создадоа услови да се отстрани мразот, со два багери се чистеа улиците  Вич, Разловечко Востание, Волгоградска, Невеска, Никола Тесла, Веселин Маслеша, Шекспирова, Руѓер Бошковиќ и Бањалучка.Потоа се работеше на улиците Бранислав Нушиќ,  дел од улица 8-ми септември – пред зградите бр. 12 и 10, како и просторот пред зградата на ул. Бранислав Нушиќ бр. 12, Веселин Маслеша 9, Шекспирова 3 и Руѓер Бошковиќ број 9.
Во населбата Тафталиџе, се расчистуваа улиците Осло, Будимпештанска, Женевска и Хашка.
 
Со истото темпо, зимските служби денеска искочија на терен со шест специјализирани возила и во моментот се работи на улиците Ловќенска, Козле 3, Вич, Разловечко Востание, Владимир Каваев и Кленоец. За да се постигне поголем ефект при обезбедување на чисти и безбедни коловози, денеска, вработените од Општина Карпош опремени со рачен алат ги расчистуваа улиците и тротоарите околу амбулантата Влае, амбулантата во Карпош 1, ООУ „Владо Тасевски”, Катастарот на РМ, како и плоштадот и поштата во населбата Карпош 3. Административците од Карпош потоа се приклучија на заедничката акција со комуналните служби на Град Скопје, каде ги чистеа пешачките и велосипедските патеки долж булеварот Партизански Одреди, на потегот од Порта Влае до улицата Рузвелтова. 
 
Во наредните денови, локалната самоуправа, континуирано ќе работи на расчистување на останатите улици и коловози на  својата територија. Општина Карпош повторно апелира до своите граѓани, да ги отстранат возилата од улиците, за да можат  Зимските служби, непречено да работат на расчистување на снегот и мразот.