Во рамки на долгогодишната соработка помеѓу детската градинка „Орце Николов“ – општина Карпош и Педагошкиот факултет и факултетот за Ликовни уметности во Скопје, денеска, дечињата беа домаќини на студентите кои заедно организираа ликовен хепенинг.

Малите и големи уметници се дружеа и сликаа во дворот на градинката, меѓусебно учејќи едни од други. Идните ликовни педагози учеа практично за методологијата и пристапот кон интелектуалното анимирање на помладите, а дечињата му  дадоа колоритна разиграност на големиот бел хамер,  изразувајќи ги своите уметнички експресии,  со специјалните еколошки, акрилни бои.

Според предметната професорка на Педагошкиот факултет во Скопје, д-р Мариета Петрова, оваа соработка е од непроценливо значење за  нејзините студенти, бидејќи тие имаат можност во пракса да го надградуваат своето знаење, кое утре ќе ги профилира како квалитетни ликовни педагози.