МАЛИ И ГОЛЕМИ ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ
- април 28, 2016
- 0
Во рамки на долгогодишната соработка помеѓу детската градинка „Орце Николов“ – општина Карпош и Педагошкиот факултет и факултетот за Ликовни уметности во Скопје, денеска, дечињата беа домаќини на студентите кои заедно организираа ликовен хепенинг.
Малите и големи уметници се дружеа и сликаа во дворот на градинката, меѓусебно учејќи едни од други. Идните ликовни педагози учеа практично за методологијата и пристапот кон интелектуалното анимирање на помладите, а дечињата му дадоа колоритна разиграност на големиот бел хамер, изразувајќи ги своите уметнички експресии, со специјалните еколошки, акрилни бои.
Според предметната професорка на Педагошкиот факултет во Скопје, д-р Мариета Петрова, оваа соработка е од непроценливо значење за нејзините студенти, бидејќи тие имаат можност во пракса да го надградуваат своето знаење, кое утре ќе ги профилира како квалитетни ликовни педагози.