Традиционално, петта година по ред, ООУ „Јан Амос Коменски“ од Општина Карпош, ја организира манифестацијата „Ајварче за мене, ајварче за тебе“.

Основците од ова училиште  донираат тегли со зимница од најразличен вид (ајвар, кисели краставички, цвекло, пиперчиња), кои се наменети за социјално загрозени семејства. Акцијата трае три  дена, која  има за цел да ја развие и поттикне хумананоста и солидарноста  кај најмалите карпошани.

Еден дел од донираните прехранбени производи, ќе биде доделен на социјално загрозени семејства од ова основно училиште, додека преостанатиот дел ќе биде дониран на социјално ранливи семејства кои живеат на територија на Општина Карпош.