Оваа снежна и ветровита вечер не ги предомисли карпошани да излезат од своите топли домови и да го одбележат традиционалниот чин на пречекување Бадник.

Со свечена литургија, која ја одржа свештеното лице одцрквата „Св. Петар и Павле“ и со кршење на погачата, оваа вечер паричката која ќе му носи најмногу среќа се падна кај најмладиот жител присутен на коледарскиот оган, а тоа е четиригодишниот Стефан Ристевски. Минатогодишната кума Јасминка Јанева го предаде кумството со врачувањена икона која според верувањата ќе донесе здравје и благосостојба во домот на Стефан. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски беше присутен меѓу многубројните верници кој ги поздрави и им посака бериќетна година. -Ако по утрото денот се познава очигледно дека оваа 2017 година ќе биде бериќетна. Младиот Стефан Ристевски е новиот кум за оваа година на кого му посакувам пред се здравје, среќа и благосостојба за целото семејство. Ви посакувам на сите вам среќна нова година исполнета со многу здравје и бериќет – рече Јакимовски. Освен бадниковиот оган и богатата посна трпеза, граѓаните гизабавуваа музичкиот бенд „Егзотик“, а оваа традиционална манифестацијабеше проследена и со огномет кој атмосферата дополнително ја загреа