На платото во ТЦ Лептокарија, во Општина Карпош заврши 11-то издание на Карпошово културно лето.

Последната вечер, граѓаните на Карпош, но и големиот број на посетители од другите скопски општини имаа можност да уживаат во етно музиката и настапите наЗлатко Ориѓански и Бени Шаќири, Чалгија Саунд Систем и фолклорно студио ЕТНОС.

Оваа вечер се карактеризираше со интимна атмосфера и убав етно мелос кој предизвика воодушевување кај присутните. Оваа година на тридневната манифестација учествуваа домашни музичари, артисти и уметници, а програмата овозможи настани за сите генерации.

Целта на локалната самоуправа е да се афирмира домашната музика и да и се даде дополнителна вредност. Сите учесници успеаја да направат незаборавна атмосфера, да ја збогатат културната програма на Општината и да ја поттикнат комуникацијата меѓу граѓаните.

Општина Карпош ја изразува својата благодарност до сите граѓани кои со своето присуство придонесоа да се внесе нова енергија во Карпош, да се врати урбаниот и маалски дух.