ЛУКРОВСКИ ГИ ПОСЕТИ НАЈМЛАДИТЕ ВО ГРАДИНКАТА „РАСПЕАНА МЛАДОСТ“ ВО БАРДОВЦИ
- ноември 20, 2026
- 0
По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска ги посети дечињата во детската градинка „Распеана Младост“, клонот „Виножито“, во населеното место Бардовци.
При посетата, Лукровски истакна дека грижата за најмладите жители мора да биде еден од највисоките приоритети на секоја локална самоуправа, бидејќи токму во најраната возраст се поставуваат темелите за развој на здрави, одговорни и успешни личности.
Тој нагласи дека Општина Карпош континуирано вложува во подобрување на инфраструктурата и условите во јавните установи за згрижување деца, со цел најмладите да растат и да се развиваат во безбедна, пријатна и современа средина.
Градоначалникот најави и нови инфраструктурни решенија, како и активности за зголемување на капацитетите за згрижување деца, со што дополнително ќе се унапредат условите за престој и воспитно-образовна работа во градинките. Децата се нашата иднина, а вложувањето во нивното детство е вложување во иднината на Карпош!




















