Денес, улицата „Ловќенска 1“ во Општина Карпош доби целосно нов лик. Имено, локалната самоуправа инвестираше во целосна реконструкација и асфалтирање на 210 метри од коловозот и 3,5 метри широчина на оваа улица. Изведувач на работите е фирмата „Изолација“, а вредноста на инвестицијата околу 800.000 денари.

               На завршните работи на Ловќенска присуствуваше и градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, кои имаше средба со повеќе жители од  овој дел на Карпош, односно со другите поголеми краци на Ловќенска.

              Тој исто така  ја надгледуваше и работата на расчистување на теренот од грмушки и шут на улицата Јуриј Гагарин, на потегот од семафорите спроти студенскиот дом „Гоце Делчев“ на потегот кон „Реплек“.

               Градоначалникот на Општина Карпош исто така денес ги контролираше и изведбите на улица 12 во населеното место Бардовци, како  завршните работи на улиците  Франц Прешерн и Иван Цанкар во Влае.