Од пристигнатите барања за субвенционирање на млади лица од Карпош за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, кои денеска (четврток 30.06.2022) ги разгледуваше Комисијата за доделување на субвенции при локалната самоуправа, утврдено е дека уште 16 нови кандидати ги исполнуваат критериумите за добивање на финансиска поддршка за оваа намена. Според ажурираните податоци, досега 95 кандидати  ги исполнуваат критериумите кои се пропишани во Јавниот повик кој го распиша Општина Карпош.                                                                                                    

Во таа насока ја објавуваме листата на новите кандидати за кои денеска (четврток 30.06.2022) беше утврдено дека ги исполнуваат условите за добивање субвенции  за млади лица од Карпош, кои ќе можат да  посетуваат обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола (Б категорија):

Р.Б  

Име и презиме:

 

Број на пријава:
1 Матеј Поповски 11-5461/1
2 Катерина Алексова 11-5460/1
3 Кристијан Димов 11-5468/1
4 Никола Серафимовски 11-5465/1
5 Марија Поповска 11-5421/1
6 Нина Табаковска 11-5472/1
7 Невена Николовска 11-5450/1
8 Никола Гончев 11-5469/1
9 Миша Сич 11-5459/1
10 Александра Ивановска 11-5432/1
11 Лука Киткањ 11-5289/1
12 Лина Поповска 11-5457/1
13 Миа Шаља 11-5477/1
14 Вероника Ташев 11-5493/1
15 Јана Гроздановска 11-5456/1
16 Јана Поповска 11-5455/1

Оттука, кандидатите кои се наведени во оваа листа, можат да изберат една автошкола (од посочените во Јавниот повик), со што преминуваат во втората фаза од постапката. Во оваа пригода ги информираме граѓаните дека листата на кандидати кои ги исполнуваат критериумите за добивање на субвенции, ќе биде редовно ажурирана сé додека не се исцрпат средствата за оваа намена.