Богато и разнообразно во својата програма, како и секогаш „Карпошовото културно лето 2016“, и оваа вечер на платото во ТЦ „Лептокарија“, ги стопли срцата на љубителите на ликовната уметност и хорското пеење. Вечерта имаше и поетска нота,  збогатена и со поетско читање на првата поетска книга на Воислав Зафировски.

Прекрасниот амбиент, квалитетната и добро избрана програма, што ја изведоа двата  извонредни хора, „Серенада“ и „Кочо Рацин“, беше колоритно надополнета со прекрасните дела  на врвни македонски и светски уметници. Оваа „галерија под отворено небо“  беше резултат од целодневниот хепенинг на кои триесетина  уметници, со својата љубов, енергија и вештина,  создаваа за љубителите на уметниоста, но и за настраданите во неодамнешната водена стихија во скопскиот регион. Сите дела создадени на  овој ден се продаваа по симболични цени, а продажбата продолжува  до завршувањето на културното лето.

Како што кажа, Претседателот на Комисијата за култура  при Општина Карпош,  Горан Михајлов, ова беше вечер за уживање, хуманост и благодарност.

А посебна благодарност до уметниците кои ги создадоа и донираа своите дела: Ставре Димитров-Стадим, Вернон Џонс-Велс, Лидија Пачемска-Џонс, Ленче Ламбевска, Катерина Таневска,Томе Манески, Запро Запров, Војдан Запров,Тања Таневска, Јулијана Гешовска, Маја Танева, Анета Ивановска-Симјановска, Томе Мишев, Илија Спасовски-Чендо, Роберт Михајловски, Хари Манчев, Зоран Јаневски, Винсент Диао- Кина, Тони Шулајковски, Викторија Титова-Русија, Маја Димитрова, Горан Андов, Милан Андов, Ведран Бојановски, Сања Јовановска, Влатко Илиевски, Гоце Илиевски, Марија Светиева и Кокан Крстевски.