Во холот на ООУ „Јан Амос Коменски“, отворена е ликовна изложба по повод Деновите на чешката култура. Оваа недела, љубителите на уметноста ќе може да ги погледнат творбите од талентираните македонски сликари-учесници на Меѓународниот детски ликовен центар  „Лидице“.

Во таа насока, училиштето го посети чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш, а најмладите ученици му подарија рачно изработени подароци од самите нив. Соработката помеѓу чешката амбасада и училиштето е долгогодишна традиција.

Во текот на неделата ќе се реализираат и работилници за учениците од одделенска и предметна настава од страна на лектор по чешки јазик од УКИМ, Здењек Андрле. Целта на работилниците е да се презентира природната убавина на Република Чешка, нејзините знаменитости, чешкиот јазик, музиката, танцот и културата.