Традиционалното Карпошово лето со низа културни настани. Така и оваа летна вечер, карпошани имаа во што да уживаат и да се релаксираат.

Легендарниот пејач и автор Џина Папас Џокси, со своите хитови од минатото, присутните ги врати неколку години наназад и ги потсети на своите познати незаборавни песни. Неговата емоцинална изведба предизвика силни овации и прекрасна опуштена атмосфера. Поранешниот член на групата „Макакус“ или македонски акустичари, за прв пат учествува на деветтото по ред Културно лето Карпош , кој е сеуште активен на музичката сцена. Неповторливиот Џина Папас Џокси  непрестано се појавува на познатите македонски фестивали, а неговиот 40 годишен талент, освен како пејач, запишан во книгата на вистински музички генијалци, се наоѓа во голем број евергрини отпеани од познати македонски изведувачи.