Во врска со Спортскиот центар „Борис Трајковски“, станува збор за лажна вест дека ќе се уриваат 10.000 квадратни метри. Апсолутно, ќе се задржи постојната состојба на спортскиот комплекс.

 

Во овој дел, со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, врз основа на кој се носи и ДУП-от З 04, блок 5, се предвидува изградба на улица – сообраќајница, која ќе поминува кај картинг – просторот и во близина на тениските терени.

Инаку, картинг – просторот е дел кој е дивоградба, за кој постои решение за отстранување. Значи, сообраќајницата воопшто не задира во ниту еден дел од спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.

 

Инаку, ДУП-от З 04, блок 5 кој во моментов е во процедура и се однесува за тој дел од Карпош (во близина на С.Ц. „Борис Трајковски“) е изработен во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје (2012-2022) и Регулацискиот план за ГУП на Град Скопје, З 04 (2019-2022 г.), одлука бр 27 – 974/1 од 29.01.2020 година.

 

На последната 58. седница на Советот на општина Карпош, беше усвоена и предлог-одлуката за утврдување на нацрт-Детален урбанистички план за Градска четврт З 04, блок 5. Тоа значи дека ДУП-от не е изгласан, бидејќи по новата законска регулатива, истиот се носи во две фази. Сега беше првата фаза (на разгледување пред советниците од Карпош), по што, од 5. август до 6. септември 2021 год. секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот ќе се одржи Јавна анкета по Нацрт-ДУП-от. Јавната презентација за заинтересираните правни и физички лица ќе се одржи на 20.08.2021 во 13:00 часот, во просториите на општина Карпош.

 

Инаку, во некои од медиумите се појавуваат информации и за земјиштето во предниот дел, пред С.Ц. „Борис Трајковски“. Истакнуваме дека истото воопшто не е предмет на ДУП – от З 04, блок 5. Во овој момент, за тоа земјиште нема важечки ДУП и воопшто не се работи на урбанистички план.