Денес на 28.08.2016, ,, Карпошовото културно лето’’, беше посветено на најмладите. На платото во Т.Ц ,, Скопје Сити Мол’’ , со почеток од 12:30 часот, најмалите карпошани се забавуваа во детската културна програма.

Присутните родители и деца, имаа можност да ја погледнат претставата ,, Кој е нај месец во годината’’. Со изведбата на оваа претстава, малите карпошани, го покажаа својот актерски талент, презентирајќи ги карактеристиките на секој месец во годината. Mузичка програма ja започнаа Магдалена Алексавска и Ивана Петковска со своите импозантни вокални квалитети и иведбата на песната “Плетенка“ со која нашата држава се претстави на последниот детски евросонг, кој се одржа во Бугарија. Како дел од денешната детска програма на овогодинешното издание на Културно лето Карпош се претставија и малите музички уметници од училиштето за гитара ЕНСО со виртуозни изведби на познати музички дела од еминентни автори. Магичните акорди од нивните гитари ја воодушевија публиката, која ги награди со громогласен аплауз. Во овој дел на програмата свој настап имаа ученици од основните училишта во Општина Карпош, како и гости од другите скопски општини и тоа: Атанас Стаматовски, Климентина Чаповска, Филип Гечовски од О.У. Лазо Трповски, Олег Зенделски од О.У. Владо Тасевски, Максим Неделкоски од О.У. Вера Цири Вири Трена, Јана Јоксимовска од О.У. Петар Поп Арсов, Karam Кaadam од А.С.М. American School Macedonia, Оливер Јаниќиевиќ од ГУЦ Здравко Цветковски и гостите од другите скопски општини: Елијан Стефановски од О.У. Гоце Делчев и Трајче Димов од О.У. Ѓоргија Пулевски. За време на изведувањето на музичките нумери се одвиваше ,, Арт работилницата’’ за деца, во која дечињата, со помош на своите родители, можеа да творат и да го развиваат својот уметнички талент и својата креативност.