Холандската фондација „Out of area“, денеска спроведе акција во градинката  „Мајски цвет“. Целта на оваа акција беше волонтерите да ги избришат несоодветните графити на надворешните ѕидови на градинката, да се извршат поправки на оштетените ѕидови и да нацртаат нови, креативни графити и слики.

 Учесниците во овој проект се средношколци и студенти, кои со своето волонтерство, од Холандија, придонесуваат во  општествено корисни акции. Предвидено е да се работи три дена, од 8.30 до 17.00. Општина Карпош преку Oдделението за детска, здравствена и социјална заштита и помошник- раководителката Гордана Зафировска, му даде целосна поддршка на овој проект, со кој ќе се изврши разубавување на надворешниот фасаден лик на оваа градинка, а со тоа, пак, најмалите деца, ќе можат да престојуваат во поубав амбиент.