Денеска, во Општинската организација на Црвениот крст „Карпош“ се одржа 38-та по ред крводарителска акција во која учествуваа околу 50  доброволци во дарување на најскапоцената течност.

                        На хуманите крводарители им се придружи  и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, кој освен што самиот даруваше крв, на најопстојните крводарители им врачи пригодни плакети и благодарници за нивната несебичност и хуманост.

                        Во прусустви на претседателката на ОО Црвен Крст „Карпош“  и советничка во Советот на Општината Билјана Костова како и пратеникот во Собранието на Република Македонија Далибор Богдановски, којшто исто така се вброи меѓу денешните крводарители, градоначалникот Богоев им ги врачи пригодните признанија на Асани Ајриз, за 100-то дарување крв, на Драган Арсовски за 75-то дарување, како и на Денис Бошковски, Илија Михајловски и Мише Дулимагоски кои досега во 50 наврати ја дарувале скапоцената течност која спасува животи.

Освен пригодните плакети и благодарници овие „крводарителски ветерани“ добија и по една оригинално изработена слика од нашиот познат уметник Живко Поповски – Цветин, кој воедно е и првиот претседател на Црвениот крст на Република Македонија од осамостојувањето на државата.