Учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“ од општина Карпош, го освоија првото место во кошарка за основни училишта во машка конкуренција на ниво на град Скопје, совладувајќи ги во финалето своите соперници од ООУ „Партенија Зографски“ од општина Кисела Вода, со резултат 56:46. Натпреварот се одржа во вторник (22.03.2022), во спортската сала „Шабан Трстена“ во општина Чаир, во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

 

Училишниот тим од општина Карпош се пласираше во финалето, со убедлива победа над своите ривали од ООУ „Ацо Шопов“ од општина Бутел, со конечен резултат од 58:24. Овој пласман на младите карпошани им обезбеди понатамошно учество на натпреварите во кошарка за основни училишта на државно ниво, кои треба да се одржат во мај, годинава.