Денеска се одигра разигрувањето по групи од училишниот Куп во кошарка каде што се натпреваруваат учениците од сите десет основни училишта на територија на општината.

Постигнати се следниве резултати: ООУ„Јан Амос Коменски“ против ООУ„Вера Циривири Трена“ со резултат 36: 16, ООУ„Димо Хаџи Димов“ против ООУ„Лазо Трповски“ со резултат 54:15, ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ против ООУ„Аврам Писевски“ со резултат 54:14 , ООУ„Петар Поп Арсов“ против ООУ„Владо Тасевски“ со резултат 40:23, и ООУ„Војдан Чернодрински “ против ООУ„Братство “ со резултат 30:28.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат во среда на 18.10.2017 во спортската сала на основното училиште „Војдан Чернодрински“со следниов распоред: во 12 часот – ООУ„Јан Амос Коменски“ против ООУ„Петар Поп Арсов“ и во 12.40 часот ООУ„Димо Хаџи Димов“ против ООУ„Војдан Чернодрински “, екипата на ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ својот противник за влез во финалето ќе го добие по спроведената жрепка.