Гледајте го бесплатно Карпош соколи против естонски Калев

КОШАРКАРСКИ СПЕКТАКЛ ВО КАРПОШ

Утре, вторник (19.09.2017)  со почеток во 17.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, кошаркарите на К.К. Карпош соколи ќе го одиграат првиот квалификационен натпревар против естонски Калев Крамо, за влез во кошаркарската ФИБА Лига на шампиони.

Влезот за овој историски дуел ќе биде бесплатен, а управата на Карпош соколи ги повикува сите навивачи, симпатизери и спортски вљубеници да дојдат и да ја дадат неопходната поддршка на избраниците на тренерот Борче Даскаловски.

Вториот натпревар се игра в четврток (21.09.2017) на гости. Доколку македонскиот вицешампион ја мине првата квалификациска рунда, ќе се натпреварува во втората  квалификациска рунда, во периодот од 24. до 26 септември, каде ќе ги одмери силите со екипата Алба Фехервар. Третата квалификациска рунда ќе се одигра од 29. септември до 2. октомври, а противник на Карпош соколи ќе биде актуелниот шампион во ова натпреварување, Пинар Каршијака.