На 16 и 17 јуни почнува уписот на завршените деветтоодделенци во средните училишта. Во интерес на идните средношколци, Општина Карпош  презеде обврска  да ги  запознае полуматурантитe кои натаму го продолжуваат образованието во средните училишта на територијата на Карпош, но и во другите средни училишта, со наставните програми во овие училишта.

Заради побрзо поднесување документи за упис , но пред сѐ, за да бидат поподготвени  за упис со навремен избор на подрачја кои ќе ги изучуваат во текот на следните четири години (според  веќе изготвение протоколи на Владата ), завршените основци треба да ги имаат предвид следните информации:

На територија на општина Карпош работат три воспитно-образовни институции со задолжително гимназиско образовани : СУГС гимназија „ Никола Карев“, како и гимназиите ,,Орце Николов“ и „ Георги Димитров“, додека  со комбинирани гимназиски и стручни паралелки е  ССУГС „Здравко Цветковски“.  

Потребни документи за упис во средните  училишта се свидетелствата од 6 – 9 одделение, извод од матична книга на родените ( не е задолжително да биде изваден пред шест месеци ) и првенствено  одличен успех  со потребните бодови како и  признанија за освоени награди на државни и меѓународни натпревари, доколку имаат такви.

При самиот упис ќе треба да пополните образец – пријава што го издава училиштето во кое ќе треба да се определат за изборното подрачје :         

  • природно – математичко А или Б
  • општествено – хуманистичко А или Б
  • јазично – уметничко А или Б

Првата и втората година од гимназиското образование се со ист наставен план и  програма ( освен во II година, каде што има еден изборен предмет кој се избира во I година  ) 

Овие подрачја нудат содржини кои им овозможуваат запишување на учениците на факултетите во Република Северна Македонија. Со содржините кои ги обработуваат тие ја поттикнуваат креативноста на учениците и ги збогатуваат нивните знаења.

Име на подрачје Изборни предмети

III година

Изборни предмети

IV година

природно математичко

комбинација А

линеарна алгебра и

аналитичка геометрија

алгебра, програмски јазици

Физика

програмски јазици

математичка анализа

природно математичко

комбинација Б

географија

програмски јазици

латински јазик

Хемија

биологија

физика

општествено-хуманистичко комбинација А вовед во право

социологија

латински јазик

Економија

менаџмент

логика, историја

општествено-хуманистичко комбинација Б педагогија

етика

социологија

Социологија, историја

филозофија

психологија

јазично уметничкоко комбинација А италијански јазик

латински јазик

педагогија

италијански јазик

латински јазик психологија

компаративна книжевност

јазично

уметничко

комбинација Б

ликовна уметност

музичка уметност

педагогија

италијански јазик

музичка уметност

ликовна уметност, драма

 

 Инаку, сите споменати средни училишта на територијата на Карпош, на влезните врати  имаат објавено Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија, како и наставни планови за сите четири години, според избраното подрачје на изучување во текот на гимназиското образование: https://www.bro.gov.mk/wp-content/uploads/2018/02/Nastaven_plan-Gimnazisko-1.pdf?fbclid=IwAR0U5aTTcQtfoAZPNsspCfv7oRKacnrISzQUh_hCtejm8UCESGOU_QFTquo