Во просториите на Општина Карпош, денеска се одржа состанок за преземање на превентивни мерки за заштита од евентуални поплави и излевање на реките кои течат низ територијата на локалната самоуправа. Претставници од  Јавното Претпријатие „ Водовод и канализација“,  Ј.П „ Комунална хигиена“,  претставниците од Министерството за внатрешни работи- Карпош, како и од Центарот за управување со кризи  и Дирекцијата за заштита и спасување , координирано се договараа за превземање на мерките за заштита од евентуални поплави и излевања на води во Општина Карпош.

 

Како што истакна и раководителот за заштита и спасување  при Општина Карпош Раде Мицкоски, општинските служби се секогаш подготвени за дејствување при итни ситуации и ги преземаат сите превентивни мерки за заштита од поплави. Мицкоски нагласи   дека и во понатамошниот период ќе продолжи и ќе се продлабочи меѓуинституционалната соработка, меѓу сите институции и тела кои имаат вакви надлежности од областа на заштитата и спасувањето .