КООРДИНИРАНО ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОПЛАВИ ВО КАРПОШ
- март 15, 2018
- 0
Во просториите на Општина Карпош, денеска се одржа состанок за преземање на превентивни мерки за заштита од евентуални поплави и излевање на реките кои течат низ територијата на локалната самоуправа. Претставници од Јавното Претпријатие „ Водовод и канализација“, Ј.П „ Комунална хигиена“, претставниците од Министерството за внатрешни работи- Карпош, како и од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување , координирано се договараа за превземање на мерките за заштита од евентуални поплави и излевања на води во Општина Карпош.
Како што истакна и раководителот за заштита и спасување при Општина Карпош Раде Мицкоски, општинските служби се секогаш подготвени за дејствување при итни ситуации и ги преземаат сите превентивни мерки за заштита од поплави. Мицкоски нагласи дека и во понатамошниот период ќе продолжи и ќе се продлабочи меѓуинституционалната соработка, меѓу сите институции и тела кои имаат вакви надлежности од областа на заштитата и спасувањето .