Македонското културно уметничко друштво „  Цветан Димов“ , со концерт на македонски народни игри ќе го прослави својот именден. На Православниот христијански празник „ Цветници“ на 21 април, со почеток во 12:00 часот, играогрците од ова културно друштво од Општина Карпош ќе се претстават пред карпошани  на платото во Т.Ц „ Лептокарија“

Гости на овој концерт ќе бидат културната школа на Општина Карпош, како и дел од изведувачите на „Златно Славејче“, за 2019-та година.