Општина Карпош денеска го реконструираше и последниот дел од главната улица Франце Прешерн во урбаната заедница Влае 1 во должина од 700 метри.

Изминатиов период Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи од Општина Карпош, ги асфалтираше сите 15 краци од оваа улица во должина од 2.518 метри. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори“, а за овој капитален инфраструктурен зафат, локалната самоуправа од својот буџет издвои 8.391.103 денари.