Основното училиште „Јан Амос Коменски“ денеска го прославува својот 53- ти роденден. По повод денешниот патронен празник, учениците во училишната медиатека организираа изложба на цртежи, уметнички ракотворби, постери и презентација на видеа, изработени од талентирани ученици.

Гости на денешната манифестација беа ученици и претставници од збратимените училишта, како и од Првата детска амбасада ,,Меѓаши“.

                                      

„Коменски“ се вбројува  меѓу првите  училишта на територијата на Република Македонија, оформени по завршувањето на Втората светска војна и низ годините, стекна висока репутација, помеѓу останатите образовни институции. Директорката на Јан Амос Коменски Емилија Арсовска, нагласи дека ова училиште претставува едно големо семејство, кое  изнедрило  многу познати личности кои се реализирале во сите сфери на општественото живеење како во државата, така и надвор од неа.

 

–          Морам да ја напоменам и одличната соработка која нашето училиште ја има со Општина Карпош. Локалната самоуправа, постојано логистички, финанскиски и на секаков друг начин ни помага, се со цел нашето училиште, и се разбира сите училишта во Карпош, да бидат најдобри образовни институции во Република Македонија, истакна директорката Арсовска.