Одиграни се полуфиналните кошаркарски натпревари меѓу основните училишта во Општина Карпош. Најубедлив на теренот беше екипата на „Јан Амос Коменски“ која во дуелот со основците од „Војдан Черднодрински“ успеа да триумфира со сигурни 56-31 поен. Втората екипа која се пласираше во финалето беше кошаркарскиот тим од ООУ „Владо Тасевски“ кој ги надигра своите противници, основците на „Петар Поп Арсов“ со конечен резултат 44-33.

 

Големото финале ќе се одигра утре ( 9 април) во малата сала на СРЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 12 часот. Натпреварот за трето место ќе се одигра во 11 часот.