Од Општина Карпош започна научно – истражувачкиот проект на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медициинскиот факултет во Скопје, кој има за цел да го утврди процентот на луѓе кои имаат стекнато антитела од вирусот КОВИД – 19.

 

На платото во Лептокарија, на отворено, по случаен избор на граѓани, стручните медицински лица од Институтот им земаа примероци од крв, преку кои ќе се анализира присуството на антителата кај нив. Граѓаните ќе добијат бесплатен клинички резултат по електронски пат.

 

Денеска, во Карпош беа земени почетните 135 единици крв од потребниот примерок за т.н. серолошки скрининг, односно од вкупнот примерок за испитување на отпорноста  на ковид на ниво на град Скопје.

 

Стручниот тим од Инситутот ќе продолжат со ова истражување и по други скопски општини. Основната цел е да се стигне до репрезентативен примерок на граѓани и да се уврди колку од истите (во скопското подрачје) го прележале вирусот.

 

Дополнителни информации во врска со студијата можат да се добијат на мејл адресата: iibhg@medf.ukim.edu.mk .

 

Опшина Карпош ги повикува сите граѓани да продолжат со доследното почитување на мерките: да носат маска, да одржуваат дистанца и да вршат честа дезинфекција.