Денеска и во текот на наредните денови, ЈП Паркови и зеленило ќе спроведе акција за кастрење на гранки на повеќе улици во урбаната заедница Карпош 4: ул. “Волгоградска”, ул. “Вич”, ул. “Разловечко востание”, ул. “Никола Парапунов” и бул. “Партизански одреди”.

Акцијата се спроведува по барање на граѓани и заедници на станари, а по претходно извршена стручна проверка и издадени решенија за кастрење на суви гранки.

Исто така, теренските работници ќе ги отстрануваат и паднатите гранки и дрва од невремето кое се случи неодамна.