Стартувајќи од населбата Карпош 1, Општината денеска започна со редовната есенска дератизација, со која ќе бидат опфатени околу пет илјади шахти. Локалната самоуправа ја спроведува оваа акција на целата територија со цел, уништување на штетни глодари и инсекти. Со оглед на обемот, се очекува дератизацијата да трае еден месец.

Како превентивна мерка, претходно општинските служби кон крајот на август ги дезинфицираа сите  основни училишта и детски градинки во Карпош.